Состанок во Берлин за конфликтот во Сирија

05.10.2016 11:34

Германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер е во потрага по политичко решение за судирот откако беа откажани разговорите меѓу САД и Русија за примирје...

САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија ќе одржат состанок во Берлин за решавање на конфликтот во Сирија.

Германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер е во потрага по политичко решение за судирот откако беа откажани разговорите меѓу САД и Русија за примирје.

Цел на состанокот е да се најдат начини за прекин на насилствата во Сирија и враќање на политичкиот процес.