Ураганот „Метју“ се упати кон Куба
05.10.2016 12:23
Последниве неколку денови кубанските власти евакуираа над 300.000 граѓани од загрозените источни подрачја...

Седум лица загинаа на Хаити и во Доминиканската Република во ураганот „Метју“, кој се очекува да стигне на Куба.
Последниве неколку денови кубанските власти евакуираа над 300.000 граѓани од загрозените источни подрачја. Во земјата е прогласена и вонредна состојба.
„Метју“ се смета за најразорниот ураган во областа на Карибите во последните 10 години.
