Ураган Mетју: Најмалку девет жртви, илјадници домови уништени

05.10.2016 12:55

Ураганот од четврта категорија го продолжува својот деструктивен пат кон Бахамите и американските држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина каде што се подготвува евакуација на жителите во крајбрежните делови.

Ураганот Mетју, најсилниот во последните десет години се упати кон Бахамите и на југот на САД откако уби најмалку девет луѓе и уништи илјадници домови на Хаити и во Доминиканската Република, а со нешто помал интензитет погоди и делови од Куба. Според билансот кој не е конечен, се очекува бројот на загинати да расте.

„Како татко на пет деца и мирен човек, можете да ја прашате заедницата за тоа, тој се пензионира од војската и живееше во област преполна со дрога и смрт. Се пензионираше и живееше добро, а видете како умре“, изјави Роберт Рејес, член на заедницата.

„Сѐ во мојата куќа е поплавено. Загубив сѐ. Водата однесе сѐ. Нема да имам можност да си го повратам сето тоа“, вели жител на Хаити.

Ураганот од четврта категорија го продолжува својот деструктивен пат кон Бахамите и американските држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина каде што се подготвува евакуација на жителите во крајбрежните делови. Властите на Хаити не се во состојба да го проценат полниот обем на штета откако јужната половина на островот, односно најтешко погодениот дел на земјата е отсечен од остатокот од земјата откако се урнал мост. Патиштата се непроодни и има проблем во телефонските мрежи.

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Хаити, Мурад Вахба изјави дека најмалку 10 илјади луѓе се во засолништа, дека болниците се преполни и дека немаат доволно вода за пиење.

Американските воени власти го евакуираа персоналот од воената база и затворот во Гвантанамо, како и 61 затвореник кои се сместени во соодветни заштитени места.

Американскиот Национален центар за урагани во Мајами наведе дека ветарот малку ослабнал во текот на ноќта и дека од четврта категорија се намалил на трета, но дека и натаму е мошне опасна бура.

 

Марина Автовска