Соработката со земјите од ЦЕФТА не е на завидно ниво
Над 80 проценти од извозот на Македонија е кон Европската унија, а само 12 насто кон регионот, покажуваат податоците на Државната статистика. Земјите од регионов се соочуваат со економски и политички проблеми- вели Кикеркова.

И по 10 години од договорот за слободна трговија, соработката меѓу земјте од ЦЕФТА сѐ уште не е на завидно ниво- оценува универзитетската професорка, Ирена Кикерова. Над 80 проценти од извозот на Македонија е кон Европската унија, а само 12 насто кон регионот, покажуваат податоците на Државната статистика. Земјите од регионов се соочуваат со економски и политички проблеми- вели Кикеркова.
Според министерот за економија, со ЦЕФТА е постигната целосна либерализација во трговијата со земјоделски производи, а ќе се потпишат и дополнителни Протколи за олеснување на размената. Кучи очекува проблемите да се надминат и да се интензивира соработката.
Според заменик претседателот за европски прашања економската соработка меѓу земјите од регионот ја зголемува конкуренцијата и ја подготвува земјава за економскиот притисок од ЕУ.
Според податоците во првите седум месеци од годинава извозот од земјите со Цефта пораснал за 5,4 проценти.
Дијана Ценевска
