ЕП: Расправа за мигрантите во Кале

05.10.2016 13:14

Европратениците бараат решение за третманот на мигрантите, возачите на камиони и локалното насление во францсукиот град Кале. Ситуацијата е неодржлива- оценија на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Ја повикаа Европската комисија, Франција и Велика Британија заедно да најдат излез на долгорочен план...

Бројните говорници ги подвкелоа ужанисте услови во дивиот камп наречен „џунгла“ и ја изразија загриженоста поради големиот број на малолетници без придружба и ризиците на кои тие се изложени.

„Ние сме свесни за ситуацијата“, изјави комесарот Димитрис Аврамопулос, тврдејќи пред европратениците дека неговата цел е да се грижи дека границата функционира коректно, како и подобрување на управувањето со миграциските текови и гарантирањето подобри услови за живот за мигранти на барателите на азил.

Аврамопулос го поздрави планот на француската влада за да се демонтира „џунглата“ до крајот на годината и ги охрабри француските и британските власти да ја координираат работата на нивните сили за граничната безбедност за да се олесни протокот на сообраќај и да се гарантира безбедноста во оваа област.

Франсоаз Гростет европратеничка од редовите на Народните партии од Франција е шокирана од намерата за изградба на ѕид, платен од страна на Велика Британија, кој го прифатија француските власти како единствен одговор. Барајќи измена на договорот од Туке со кој границата со кралството, беше преместена на француска територија.

Европратеничката Натали Гризбек од либералната група, смета дека потребно е да бидат ургентно заштитени децата кои се наоѓаат таму, за да не се остават во рацете на трговците со луѓе и криминалните мрежи.

Мајк Хокем од Велика британија, беше реалист, нагласувајќи дека затворањето на „џунглата“ нема да го реши проблемот, туку само ќе го премести на друго место на брегот на Ла Манш.

Доволни беа снимките кои ги видовме од бреговите на Средозменото море и сапсувањето на околу 6 илјади мигранти, но и десетината илјади кои чекаат во грчките кампови, дека вчерашната расправа во ЕП нема да промени ништо за положбата на мигрантите, ниту пак ќе го реши проблемот, со оглед дека ЕУ не покажа единство по ова прашање, напротив, секоја земја беше поведена од своите интереси.

 

Тони Гламчевски