Гутерес ќе биде новиот Генерален секретар на ОН
Португалецот Антонио Гутерес ќе биде новиот Генерален секретар на Обединетите Нации. Македонскиот кандидат доктор Срѓан Керим му честиташе на изборот...

Поранешниот португалски премиер и Висок комесар за бегалци на светската организација Антонио Гутерес, е единствениот фаворит за функцијата Генерален секретар на Обединетите Нации, по тајното гласање во Советот за безбедност.
Формалната одлука ќе биде донесена по гласањето на 193-те земји членки.
„Му честитам на изборот на новиот Генерален секретар Антонио Гутерес. Ми беше задоволство да бидат кандидат во најтесниот круг за Генерален секретар на светската организација која е клучна за мирот во светот. Република Македонија може да биде горда како нејзиниот кандидат ја претстави кандидатурата“, изјави д-р Срѓан Керим по одлуката на Советот за безбедност, за време на презентацијата на својата најнова книга „Глобализацијата и дипломатијата“ во македонската амбасада во Вашингтон.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
