Ураганот „Метју“ се доближува до американското крајбрежје
06.10.2016 10:32
Освен Бахамите, Хаити и Доминиканската Република, невремето ги погоди и Јамајка, Колумбија и Куба.

Околу два милиона лица од крајбрежјето на источните американски држави ќе бидат евакуирани поради ураганот „Метју“ кој се доближува до Флорида, Џорџија и Северна и Јужна Каролина.
Освен Бахамите, Хаити и Доминиканската Република, невремето ги погоди и Јамајка, Колумбија и Куба.
Во ураганот од трета категорија класифициран како најсилното невреме во САД и на Карибите во последните 10 години, загинаа 25 лица.
