Сѐ повеќе Британци бараат ирско државјанство

06.10.2016 11:48

Од почетокот на јули, ваква молба поднесле 21.500 Британци.

Министерството за внатрешни работи на Ирска соопшти дека бројот на Британци кои поднесле молби за добивање ирско државјанство е речиси двојно поголем по референдумот од 23 јуни за Брегзит.

Од почетокот на јули, ваква молба поднесле 21.500 Британци. Во Северна Ирска бројот на луѓето кои бараат пасош се зголемил за 68 насто во истиот тримесечен период споредбено со лани.