Хан во Скопје на 14-ти октомври

06.10.2016 12:16

Предвидени се средби на кои ќе се разговара за организацијата на предвремените парламентарни избори во декември и имплементација на итните реформски приоритети.

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, идниот петок, на 14-ти октомври ќе ја посети Република Македонија, потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Предвидени се средби на кои ќе се разговара за организацијата на предвремените парламентарни избори во декември и имплементација на итните реформски приоритети.

Можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14-ти октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети, изјави Коцијанчич.