Италијанската полиција го уапси шефот на калабриската мафија
06.10.2016 12:28
54-годишниот Антонио Пеле се криел во бункер во неговиот дом.

Италијанската полиција го уапси шефот на калабриската мафија кој е во бегство уште од 2011 година. 54-годишниот Антонио Пеле се криел во бункер во неговиот дом.
Пред 5 години, Пеле бил осуден на 20-годишна затворска казна поради трговија со дрога и активности во мафијата Дрангета која стана позната откако еден од нејзините членови уби 6 лица во италијански ресторан во Германија.
