Субвенции од два денара за килограм откупено грозје „смедеревка“

06.10.2016 14:14

Мерката ќе важи за откупени количини за период од 5-ти до 30-ти октомври. Винариите ќе треба да откупат минимум 1,5 милиони килограми грозје.

Винариите откупувачи на винско грозје ќе добијат по два денари за откупен килограм „смедеревка“. Владата ја донела оваа дополнителна мерка бидејќи поради дождовите на нивите останало околу 20 до 30.000 тони грозје „смедеревка“.

Мерката ќе важи за откупени количини за период од 5-ти до 30-ти октомври. Винариите ќе треба да откупат минимум 1,5 милиони килограми грозје.

Смедеревката, како што рече министерот Цветков, ќе се откупува согласно договореното, односно 11 денари за 17 шеќерини единици. Ако грозјето е со повеќе од 17 шеќерни единици, тогаш откупната цена ќе биде повисока за 0,65 денари, а доколку е пониска, цената ќе се намали за 0,65 денари.

Оваа мерка ја донесовме поради тоа што на светскиот пазар каде винариите го продаваат наливното вино, цените се многу ниски. Со цел да бидат конкуретни на тој пазар, Владата им помага со оваа субвенција, рече министерот Цветков.