Обвинителство: МИТ запишувал студенти на факултети без акредитација и дозвола за работа

06.10.2016 15:04

Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата била иницирана по поднесени 20-тина претставки на студенти од Република Турција кои биле запишани на овој универзитет. Студирале на факултети за кои универзитетот немал добиено акредитација или пак дозвола за работа од Министерството за образование.

Вчера МВР почна акција во приватниот универзитет МИТ во Скопје и вршеше претреси во просториите. Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата била иницирана по поднесени 20-тина претставки на студенти од Република Турција кои биле запишани на овој универзитет. Студирале на факултети за кои универзитетот немал добиено акредитација или пак дозвола за работа од Министерството за образование.

Биле одземени комјутери и податоци од нив, како и друга соодветна документација. Како што соопшти Основното јавно обвинителство било констатирано дека универзитетот МИТ немал дозвола за работа на Факултетот за дентална медицина, додека за Факултетот за козметологија и физиотерапија, ниту акредитација, ниту, пак, дозвола.

МИТ универзитетот излезе со соопштение во кое се вели- и покрај неописливата тортура што се врши врз универзитетот и вознемирувањето на студентите и наставниот кадар, денеска продолжи редовните наставни активности. Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем која се одвива во објектот Сити Галери на плоштадот Македонија, според претходно закажаните термини, се вели во соопштението на МИТ универзитетот.