Концесии во рударството
01.02.2014 16:40
Дваесет компании ќе вршат геолошки истражувања, а 6 ќе почнат со експлоатација на минерални суровини...

Дваесет компании ќе вршат геолошки истражувања, а 6 ќе почнат со експлоатација на минерални суровини. Според бизнис плановите тие за 5 години ќе инвестираат 700 милиони денари и ќе отворат околу 150 работни места, најголем дел во рурални подрачја. Само од концесиски надоместок државата ќе заработи 35 милиони денари, од кои 27 ќе завршат во локалните каси .
„Се надевам дека новата концесија за истражување ќе овозможи нова инвестиција и отворање нови работни места“, вели Георги Георгас, извршен директор на Цементарница Усје Скопје.
Лани биле доделени 120 дозволи за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерали, што овозможи отворање нови рударски капацитети и креирање нови работни места. Најинтересни биле локациите на благородни метали.
,,За истражување злато, сребро и на бакар е влезен странски инвеститор кој има обврска кога ќе ги заврши деталните геолошки истражувања, да изгради постојка за преработка на катоден бакар“, изјави министерот за економија Ваљон Сараќини.
Освен за благородни метали компаниите најмногу биле заинтересирани за наоѓалишта на украсен камен,мермер и гранит.
За сите доделени локации за првпат била применета е- аукција ,односно електронско наддавање,кое максимално ја зголемува транспарентноста на целата постапка на доделување концесии во рударството.
Новинар: Свето Николовски
Снимател: Војо Самандов
