Поддршка за помали хипотеки за земјоделски кредити
Почна да функционира гарантиот фонд со кој земјоделците ќе може полесно да дојдат до банкарски хипотекарни кредити. Со поддршка од УСАИД и неколку македонски банки и штедилници, со Фондот ќе се гарантира враќањето на износот за кои земјоделците ќе се задолжуваат кај деловните банки...

Нема веќе проблем за земјоделците и за преработувачите за добивање на хипотекарни банкарски кредити. Средствата од Гарантниот фондот, ќе може да се користат за покривање на дел од трошоците потребни за обезбедување на хипотеката за земените кредити.
Досега беше проблем земјоделците да ги користат домашните и европските пари за своето работење и за инвестирање, бидејќи немаа соодветна гаранција за банкарските кредити поради ниските проценки на нивните имоти.
Гарантниот фонд функционира по приципот 50-50.
Тој ќе гарантира за половина од кредитот, а за другата половина комерцијалните банки ќе бараат хипотека.
Методија Трајков
