ММФ: Грција има уште многу работа
07.10.2016 10:31
Со тоа се потврдија стравувањата- монетарците се уште не се подготвени да учествуваат во третата финансиска транша за Атина.

Според директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, пред Грција претстои уште многу работа во делот на реформите. Со тоа се потврдија стравувањата- монетарците се уште не се подготвени да учествуваат во третата финансиска транша за Атина.
ММФ е резервиран поради недостиг на иницијатива за промени на системот за оданочување и за социјално осигурување, иако претходно беа усвоени во парламентот.
