Советот за безбедност ќе расправа за ситуацијата во Алепо

07.10.2016 10:48

На седницата по барање на Русија ќе се разговара за предлогот на специјалниот Пратеник Де Мистура за повлекување на припадниците на фронтот Ал Нусра од источниот дел на градот.

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе расправа за ситуацијата во сирискиот град Алепо. На седницата по барање на Русија ќе се разговара за предлогот на специјалниот Пратеник Де Мистура за повлекување на припадниците на фронтот Ал Нусра од источниот дел на градот.

Емисарот предложи евакуирање на околу 900 борци на Ал Нусра, а руската и сириската авијација да ги запрат нападите врз градот.

За претседателот Башар Ал Асад не постои разлика меѓу Ал Каеда и другите 9 илјади бунтовници во Алепо.