Вртоглав пад на фунтата
07.10.2016 10:54
Вредноста на фунтата се намали и во Македонија...

Падот на британската фунта предизвика хаос на берзите. Валутата на Велика Британија најпрвин достигна вредност од 1,26 американски долари, но само за неколку минути потоа падна на 1,14 долари на пазарите во Азија, намалувајќи ја вредноста за дури 9 насто.
Не се познати причините за овој вртоглав пад на Стерлингот. Според „Фајненшел Тајмс“, причината е во настојувањето на францускиот претседател Оланд, да се заземе поцврста позиција за напуштањето на Лондон на Унијата. Втората теза е дека станувазбор за човечка грешка.
Вредноста на фунтата се намали и во Македонија. Според курсот на Народната банка на Република Македонија, една фунта сега чини 69, а пред еден месец беше 75 денари.
