Нобеловата награда за мир за колумбискиот претседател Сантос
07.10.2016 12:25
Сантос е добитник на Нобеловата награда за мир за заложбите за окончување на 52-годишната војна со левичарските бунтовници ФАРК.

Колумбискиот претседател Хуан Сантос е добитник на Нобеловата награда за мир за заложбите за окончување на 52-годишната војна со левичарските бунтовници ФАРК.
По четиригодишни преговори, минатиот месец беше постигната спогодба меѓу двете страни. Но, повеќето Колумбијци не ја поддржаа на референдумот минатата недела.
Во петдеценискиот конфликт загинаа над 260 илјади луѓе, а беа расселени над 6 милиони.
