Алпско скијање
Временските прилики против алпинците
01.02.2014 16:48
Лошите временски прилики го оневозможија денешното одржување на натпреварите од Светскиот скијачки куп...

Лошите временски прилики го оневозможија денешното одржување на натпреварите од Светскиот скијачки куп.
На патеката во Сент Мориц густата магла на средишниот дел беше причината за откажувањето на 7 –от машки спуст во сезоната.
Магла, во комбинација со големо количество нов снег беа противникот на одржувањето на женската велеслаломска трка во рамките на традиционалната „Златна лисица“ во Крањска Гора.
Од временската состојба ќе зависи дали утре во Сент Мориц ќе се одржи машкиот велеслалом, а во Крањска Гора женскиот слалом за Светскиот куп.
