Случај „Еразмус“: Поднесено обвинение против шест лица
За лицето Т.Ф. запрена е постапката бидејќи нема докази...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица обвинети во предметот познат во јавноста како „Еразмус“.
Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015-та и 2016-та година, како лица вработени на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела- примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, потоа за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и за давање поткуп.
За лицето Т.Ф. запрена е постапката бидејќи нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.
