Жбогар: Фер и кредибилни избори клучни за разрешување на кризата

07.10.2016 12:50

Фер кампања и кредибилни избори во декември- ова, според евроамбасадорот Самуел Жбогар, е клучно за разрешување на политичката криза во Македонија. Изборите ги оцени како тест за одговорноста и за зрелоста, но и шанса за враќање на земјава на евроинтегративниот пат...

Кризата во која се наоѓа земјата нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на темелите на владеењето на правото и на демократскиот поредок. За излез од оваа ситуација се потребни фер кампања и кредибилни избори во декември- вели евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој посочува дека изборите ќе бидат тест за политичките лидери, но и за институциите, јавните службеници, медиумите и граѓаните.

По завршување на гласањето, сите политички партии учеснички во изборниот циклус се обврзани да достават извештај за нивното финансирање. Од Антикорупциската комисија велат дека проблем има кај малите партии и кандидатите од самостојните листи, кои не доставувале извештаи. За сите пропусти се отвора постапка пред надлежните судови.

Ревизорите ја чешлаат документацијата што им ја доставуваат партиите и нивна задача не е да спроведуваат истрага и да бараат корупција, појаснува главниот ревизор Тања Таневска, туку да дадат препораки до институциите како понатаму да постапуваат.

Таневска вели дека досега ревизорите не откриле криминални дејствија.

 

Анита Димитријевска