Груевски оствари низа средби во Њујорк
Груевски истакнал дека претстојните избори се единствениот излез од наметнатата политичка криза...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се сретна со Ричард Хас, потпретседателот на Советот за надворешна политика на САД. Груевски истакнал дека претстојните избори се единствениот излез од наметнатата политичка криза.
Разговаравме и за повеќе значајни работи во делот на односите помеѓу Македонија и САД, за нашето сојузништво, партнерство и за сите оние работи кои што може да бидат предмет на заедничка соработка во иднина. Наша стратешка заложба е земјата да се вклучи во НАТО и во ЕУ и во тој поглед разменивме мислења за натaмошните правци како да се работи да се оствари оваа наша стратешка цел, изјави Груевски.
Тој во САД имал средби со шефот на американското тело за набљудување на изборите, Мајк Михан и со извршниот потпретседател на Атланскиот совет, Демон Вилсон. Разговарале за членството на Македонија во НАТО.
