Марш за Денот на востанието
07.10.2016 13:24
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев повика на масовно присуство без разлика на политичката ориентација и етничката припадност.

Борбата продолжува, гласот победува- е мотото на маршот што по повод Денот на востанието на 11-ти октомври, ќе биде организиран во главниот град на земјава. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев повика на масовно присуство без разлика на политичката ориентација и етничката припадност.
Ја потврдуваме нашата реалност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, за граѓански глас- рече Заев.
