Случај „Трезор“: Блокирана сметката на компанијата „Финзи“
Решението беше донесено по барање на Специјалното јавно обвинителство за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на „Финзи“, стои во дописот.

Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен Суд, за случајот „Трезор“ позитивно одговорил на нивното барање, односно ја блокирал сметката на компанијата „Финзи“ од Скопје.
Решението беше донесено по барање на Специјалното јавно обвинителство за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на „Финзи“, стои во дописот.
Од Обвинителството појаснуваат дека барањето било прецизирано според укажувањата на судијата на претходна постапка, со што се изразува подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со судот.
Во случајот „Трезор“ осомничени се тројца екс раководители во УБК и еден во МВР, за проневера на над 860 илјади евра државни пари.
