АВМУ: Нова опрема и систем за мониторинг на медиумските содржини

07.10.2016 13:44

Вредноста на опремата е околу 839.000 евра од кои 75 насто донација од Европската комисија.

Агенцијата за медиуми набави нова опрема и систем за мониторинг на медиумските содржини. На овој начин велат оттаму технички се осовремени системот за следење, чување и прегледување на програмските содржини емитувани на телевизиите и радијата.

Вредноста на опремата е околу 839.000 евра од кои 75 насто донација од Европската комисија.

Со опремата се обезбедува постојано 24 часовно снимање на емитуваната програма на радио и телевизиските програмски сервиси за која Агенцијата издава дозволи и снимки во времетраење од најмалку 90 секунди за секој програмски сервис реемитуван преку мрежата на оператор на јавна комуникациска мрежа најмалку четири пати во текот на еден ден, односно 24 часа, рече директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

Директорот Трајчевски најави дека денес ќе биде објавен и третиот извештај за медиумското известување.