Нова серија апсења во Турција
07.10.2016 13:24
Истрагата првично беше фокусирана на полициски управи во Истанбул, но се прошири во 35 провинции.

Во новата серија апсења на турските власти се издадени налози за 166 луѓе, вклучувајќи полициски претставници.
Истрагата првично беше фокусирана на полициски управи во Истанбул, но се прошири во 35 провинции.
Од средината на јули кога беше обидот за пуч, уапсени се околу 32.000 луѓе кои чекаат судење, а повеќе од 100.000 вработени во јавниот сектор се суспендирани.
