Нема интерес за органско производство
Иако интересот за органските производи во земјава се зголемува, нема интерес за производство. Има само 350 производители со незначителен процент на производство. Надлежните велат потрошувачите треба да знаат што купуваат. Во рамки на глобалната кампања „Зелена недела“ што се одбележува од 3-ти до 9-ти октомври промовирана веб страницата „Органски свет“.

Нема интерес за органско производство во земјава. И покрај субвенциите кои се за 50 проценти повисоки од оние за конвенционалното, има едвај 350 органски производители. Се произведува најмногу житни култури, а помалку градинарски. Според надлежните органското производство има ниска цена, производителите ги продаваат органските производи како конвенционални.
Не сите производи што се продаваат како органски, се навистина такви- предупредуваат од Организацијата на потрошувачите. За да бидат сигурни дека купуваат домашни органски производи, потрошувачите треба да ја препознаваат националната ознака.
Ознаката гарантира дека производите се органски, дека ги исполнуваат сите стандарди и дека зад нив стојат многу контроли.
Дијана Ценевска
