Ќе поевтини ли свинското месо?

10.10.2016 11:26

Свињарските фарми нудат поевтино месо. Сточарите наместо 100, како досега, почнаа да ги продаваат свињите за 90 до 95 денари за килограм жива мера или за 5 до 10 денари помалку. Сега зависи како ќе реагираат трговците и месарниците и дали ќе има поевтино свинско.

Поголемите фармери одгледувачи на свињи ја намалија цената на 90 до 95 или од 5 до 10 денари помалку за килограм жива мера.

За ваков потег се решиле, како што велат, за да се задоволат потребите на потрошувачите со домашно, наместо со свежо месо од увоз , и истовремено очекуваат дека на овој начин може да влијаат и на стандардот на граѓаните.

За формирањето на цените сточарите сами ќе решаваат, а клучни елементи ќе бидат соработката со кланиците, порачките и начинот на плаќањето.

Дали сега ова ќе значи и поевтино свинско во месарниците, зависи од трговците, велат фармерите.

На крајот малку и се оградуваат истакнувајќи дека сепак за Нова Година и за Божиќ ќе има шанси за  мало поскапување за да се покријат загубите од  минатиот период.

 

Методија Трајков