Полицијата во Лајпциг уапси мигрант кој планирал напад во Берлин

10.10.2016 11:38

Пред неколку дена, во рација во стан биле пронајдени моќни експлозиви. 100 луѓе беа евакуирани од зградата за време на демонтирањето...

Германската полиција во Лајпциг го уапси сирискиот мигрант Џабер ал Бакр поради сомнение за планирање бомбашки напад.

Пред неколку дена, во рација во стан биле пронајдени моќни експлозиви. 100 луѓе беа евакуирани од зградата за време на демонтирањето на уредите кои се слични со оние што беа активирани во Париз и во Брисел.

Според првичните наоди, Ал Бакр планирал напад на аеродром во Берлин.