Колумбискиот претседател ќе ги донира парите од Нобеловата награда за жртвите од војната со ФАРК
По четиригодишни преговори, колумбиската влада и левичарските револуционерни сили потпишаа мировен договор чијашто ратификација не беше прифатена на референдумот од 2 октомври.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ќе ги донира парите од Нобеловата награда за мир за жртвите од 52-годишниот воен конфликт со бунтовниците на ФАРК.
По четиригодишни преговори, колумбиската влада и левичарските револуционерни сили потпишаа мировен договор чијашто ратификација не беше прифатена на референдумот од 2 октомври.
Со документот се предвидува целосно разоружување на бунтовниците и формирање специјален суд за воените злосторници, а за возврат, ФАРК требаше да се вклучат во домашната политика.
Во судирите од 1964 година загинаа околу 260 илјади луѓе, а над шест милиони беа раселени.
