Договорени конкретни чекори за излез од кризата во Украина
01.02.2014 19:26
Лидерите на украинската опозиција и американскиот државен секретар на САД, Џон Кери, денеска на безбедносната конференција во Минхен постигнаа договор за конкретни чекори за излез од кризната ситуација во Украина.
Тие се договорија за конкретни реални чекори, а не само за искажување солидарност со украинскиот народ, изјави пред новинарите во Минхен опозицискиот пратеник Петро Порошенко.

Според еден од лидерите на украинската опозиција, Арсениј Јацењук обете страни договориле конкретен план, со кој се предвидува да биде запрено насилството, ослободени сите притворени и да бидат истражени сите киднапирања и убиства на Украинци.