Започната истражна постапка против царински службеник

10.10.2016 13:49

Осомничениот се товари дека на 08.10.2016 година во 06:50 часот на царинската испостава „Блаце“ побарал подарок од лице за да не изврши службени дејствија што морал да ги направи.

Скопското Основно јавно обвинителство во соработка со Одделението за економски криминал во СВР Скопје почна истражна постапка против цариник во царинската испостава „Блаце“.

Осомничениот се товари дека на 08.10.2016 година во 06:50 часот на царинската испостава „Блаце“ побарал подарок од лице за да не изврши службени дејствија што морал да ги направи.

По претходен телефонски договор, двајцата оствариле средба во кафуле во Скопје и оштетениот му ги исплатил парите. Цариникот бил фатен на самото место од полицијата.

Цариникот ќе одговара за поткуп, за кое кривично дело е предвидена казна затвор од 4 до 10 години. Заработил и куќен притвор. На ваквата одлука Основното јавно обвинителство- Скопје поднело жалба, информираат од Јавното обвинителство.​