Заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија
Свечена заклетва дадоа 29 питомци од 20-тата генерација на Воената акдемија, во чин потпоручници промовирани се 35-мина. Порачаа- патот до успехот за офицерскиот позив во АРМ секогаш поминува низ полигоните на Криволак, а обуката има цел да се сфати значењето на синтагмата- „Колку повеќе пот во мирно време- толку помалку крв во војна“.

Сите мали работи кои ги извршувавме сите овие години, влијаеа при формирање на тоа што сме денес- здрав и добронасочен офицер, кој за кратко време треба да се соочи со предизвиците на модерното војување. Во името на новата 16 класа се обрати прворангираниот, Михајло Тошевски.
Во оваа класа по 3-ца се од Црна Гора и од Босна и Херцеговина и 4-ца од Косово. Меѓу 35-мината потпоручници има седум припаднички на понежниот пол. За некои од питомците ова е продолжување на семејната традиција.
На Воената академија за првпат во историјата, како што потенцираше деканот полковник Орце Поповски се изведуваат трите циклуси на настава, додипломски, магистерски и докторски студии. Значаен успех за воената акаденија е и организирањето на седмиот меѓународен безбедносно-одбранбен летен камп на кој учествуваат 200 питомци од 13 држави од три континенти.
Игор Панов
