Ристовски: Владата во целост ќе ги покрие трошоците за достапност на ЕБСКО базата
Извештаите, посочи Ристовски, покажуваат дека на годишно ниво има повеќе од 100.000 вклучувања, односно прегледи од корисници од Македонија, кои електронски го обезбедуваа потребниот материјал, податоци и информации...

Базата на податоци ЕБСКО досега беше делумно бесплатна, а во наредната учебна година, во периодот 2016-2017 ќе биде целосно достапна за околу 100-на илјади истражувачи, порача заменик министерот за образование, Спиро Ристовски. За таа цел, владата обезбеди 75 илјади долари.
Извештаите, посочи Ристовски, покажуваат дека на годишно ниво има повеќе од 100.000 вклучувања, односно прегледи од корисници од Македонија, кои електронски го обезбедуваа потребниот материјал, податоци и информации за изработка на соодветно истражување, за изработка на соодветен проект или каков било труд во одредена област.
Упати апел оваа можност да продолжи да се користи и да се искористи, првенствено во ефектуирањето на личниот труд, а со тоа и да се придонесе кон развој на научно-истражувачката дејност во нашата земја и кон нејзиниот рејтинг во ова сфера на меѓународно ниво.
