Награди за најдобрите брзорастечки фирми „Газели“
Грант од 10 илјади евра за опрема и материјали со цел стимулација на нивниот развој и нови работни места.

Десет мали и микро македонски компании добија награди за најдобри брзорастечки фирми „Газели“. Грант од 10 илјади евра за опрема и материјали со цел стимулација на нивниот развој и нови работни места.
Ова е одлична можност да покажеме дека Република Македонија е земја во која микро и малите компании успешно работат и се развиваат, а државата преку конкретни чекори сака да го поддржи нивниот раст. Тоа е процес од обостран интерес. Развојот на домашните микро и мали компании е одлика на развојот на домашната економија. Како Влада секогаш сме ориентирани за соработка со бизнис секторот и работодавачите и заеднички создаваме клима на доверба, рече дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов на доделувањето на наградите.
Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков истакна дека од исклучителна важносет е малите компании да се научат да вложуваат во развој на бизнисот, со цел, како што рече да обезбедат сопствен раст, со кој, како што потенцира, да влијаат и на растот на економијата во државата.
Смета дека е битна и опремата за работата и развојот на една копмпанија, но како што рече, исто толку важно е и да се работи на обука и развој на вештините на вработените бидејќи тие се капитал на компаниите.
