Метео: Облачно и врнежливо
10.10.2016 15:47
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон среда. Локално се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен количина воден талог.

Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд на места пообилни особено во попладневните и вечерните часови.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон среда. Локално се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен количина воден талог.
Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
