Победа на Стох за одлична најава на Сочи!
Дека сезонава во Светскиот куп во скијачки скокови ќе биде една од најинтересните потврдува новата смена на лидерската позиција. Полјакот Камил Стох триумфираше на големата скокалница во германски Вилинген и му го презема првото место во генералниот пласман на Словенецот Петер Превц. Техничкиот квалитет и високите оценки му ја донесоа третата победа сезонава и десетта во кариерата на Стох, иако третопласираниот Јернеј Дамјан од Словенија имаше најдолг скок од 150 метри.

Дека сезонава во Светскиот куп во скијачки скокови ќе биде една од најинтересните потврдува новата смена на лидерската позиција. Полјакот Камил Стох триумфираше на големата скокалница во германски Вилинген и му го презема првото место во генералниот пласман на Словенецот Петер Превц. Техничкиот квалитет и високите оценки му ја донесоа третата победа сезонава и десетта во кариерата на Стох, иако третопласираниот Јернеј Дамјан од Словенија имаше најдолг скок од 150 метри. Со далечини од 139,5 и 145,5 метри, 26 – годишниот Стох собра само бод повеќе од Германецот Сверин Фројнд на втората позиција.
Со новите сто, Стох му побегна 37 бода на Превц кој вечерва беше само седми. 41 – гоидшниот Јапонец Нориаки Касаи им пркоси на младите скокачи и со четвртата позиција остана трет во генералниот поредок со 175 бода помалку од Стох. До крајот на сезоната остануваат уште седум натпреварување вклучувајќи го и утрешното, потворно на истата скокалница во Вилинген, што е и последно пред Олимписките зимски игри во Сочи.
