Пронајдени човечки черепи и коски во дворот на Ахмети во Зајас
Коските се пронајдени по ексхумацијата на гробницата што започнала вчера. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.

Во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во селото Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година.
Коските се пронајдени по ексхумацијата на гробницата што започнала вчера. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.
Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу, изјави дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Посочи дека коските и черепите се претежно од жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 лица.
Детали за ексхумацијата се очекува да соопшти Јавното обвинителство во Гостивар.
