Во пунктот Момин поток поделена храна и облека за бездомниците
300 лица се бездомници во Скопје, покажуваат податоците на Црвениот крст. Но, според проценките бројот на луѓе кои живеат на улиците на главниот град е трипати поголем. Не постојат податоци колкав е нивниот број во другите градови. На одбележување на Светскиот ден на безодмници во пунктот во Момин Поток, бездомниците добија ручек и топла облека.

Чинија топла зготвена храна, тазе леб и салата за едни секојдневие, но за други посебна пригода. Еднаш во седум дена бездомниците во Скопје добиваат топол оброк специјално подготвен за нив, и имаат можност да се искапат. Во пунктот за бездомници во Момин поток се испреплетуваат многу животни приказни. Отткако и починал сопругот на Бранка Саздовска, не можела да ја плаќа киријата. Овде доаѓа веќе петта година.
Нема официјални податоци уште на колку луѓе во земјва улицата им е дом. Во Скопје се регистрирани над 300, но според Црвениот крст, оваа бројка е три пати поголема. Единствено за бездомниците во главниот град има пункт.
Нерешени имотни прашања, деца без родители, користње на некој порок, дел од причините поради кои се нашле под ведро небо. Психотерапевтот Сандра Ковачевиќ, вели дека ним им е битно некој да ги ислуша, отфлени се од семејството, дека сакаат и тие да припаѓаат некаде. А вели ги има од сите социјални слоеви, поголемиот дел од нив не знаат да пишуваат, или имаат завршено до четврто одделение, но има и образовани луѓе.
Дека секому може да му се случи, покажува и статистиката. На светско ниво, бројот на бездомници од 2010 досега се зголемил за 30 проценти. 100 милиони жители на планетата немаат свој дом. Чуди фактот дека има повеќе живеалишта од бездомни лица во светот.
Наташа Јанчиќ
