Слепите лица го добија првиот телефонски именик на Брајово писмо
На дест годишнината од своето постоење Лајонс клубот од Битола на слепите лица им го подари првиот изработен телефонски именик на Брајово писмо. Прирачникот на почетокот е испачатен во 50 примероци и ги содржи телефонските броеви од поважните институции, комуналните претпријатија, културните организации и на дел од медиумите. За целосно подобрување на положбата од оваа категорија на луѓе баараат да им се посвети поголемо внимании при конкурсите за работа...

Именик кој многу ќе ни помогне во секојдневното социјално функционирање- вели Миле Гилевски. Задоволен е што прв ја имаше можноста да ја
почувствува привелигијата на оваа алатка за слепите напишана на Брајовото писмо кое за жал многу малку е застапено во литература.
Идавањето на првиот именик за слепи лица е иницијатива на битолскиот Лајонс клуб. Витезите за борба против слепилото пред три години им ја подарија првата аудио книга, а овојпат Светскиот ден на ова категорија на луѓе го одбележаа со именик.
„Слепите лица имаат потреба да бидат точно информирани, да бидат вистински дел од заедницата, да им бидат достапни телефоните од институциите кои се секојдневна потреба, но и од оние посебно културните, кои имаат потреба да ги посетат“, вели кординаторот на проектот Маријан Танушевски.
Во овој поглед се оди чекор напред, но и понатаму најгорлив е проблемот на вработувањето. Велат, приватниот сектор не е многу заинтересиран, а своето си го направи иноваторската индустрија.
„Порано слепите работеа во печатарската индустрија каде се работеше рачно, денес има низа компјутери, софтвери и што уште не, каде нема место за слепите“, вели претседателот на Сојузот на слепите од Битола, Владо Димитровски.
Во Македонија еведентирани се околу 2.500 слепи лица. Тоа е категорија на луѓе на која треба да им се посвети поголема превентива во остварувањето на своите потреби.
Стевче Митревски
