„Газели“: Доделени наградите за најдобри брзорастечки фирми
10 мали и микро македонски компании ја добија националната награда „Газели“. Од пријавените 33 компании само 10 ги исполниле критериумите. Добија грант од 615.000 денари за опрема и материјали...

Новата национална награда „Газели“ е прва ваква во регионот. Ќе биде во вредност од 10 илјади евра како финансиска поддршка за опрема за 10 мали и микро македонски компании. Признанието за најбрзорастечките фирми е можност да го развијат својот бизнис, да го зголемат квалитетот и да вработат нови лица.
Деведесет и осум проценти од компаниите во Македонија се мали и средни претпријатија и тие придонесуваат за развој на силно претприемништво, за подобрување на производството и за обезбедување работни места, смета холантскиот амбасадор во Македонија. Проектен партнер за оваа активност е Бизнис конфедерацијата на Македонија и Холандската програма за поддршка на работодавачите.
Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи на Македонија, смета дека е од исклучителна важност малите компании да се научат да вложуваат во развој на бизнисот, со цел да обезбедат сопствен раст.
Националната награда за најдобри брзорастечки фирми „Газели“ е поддржана од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, во рамките на оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016-та година. За наградата се пријавиле 33 фирми.
Ана Јосифоска- Тодоровска
