Почнува пријавувањето за субвенции за млеко

12.10.2016 09:52

Сточарите кои го предале млекото од мај до септември 2016 година, за добивање субвенции треба да се пријават до 5-ти ноември. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за литар кравјо, овчо и козјо млеко.

Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2016година.

Висината на поддршката  е 3,5 денари за еден литар.

Барањата се поднесуваат по електронски пат до 5-ти ноември оваа година во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка  во живинарството за несилки  набавени исто така од мај до септември годинава.

За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.

 

Методија Трајков