Подеста се сомнева во соработка меѓу Асанж и Трамп

12.10.2016 10:31

„Викиликс објави илјадници информации од мојата корисничка сметка на „Џимејл“, и тоа непосредно по видеото на Трамп со скандалозните изјави за жените, а тоа не е случајност“, изјави Подеста.

Шефот на предизборната кампања на Хилари Клинтон, Џон Подеста се сомнева дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, му помага на Доналд Трамп во трката за Белата куќа.

„Викиликс објави илјадници информации од мојата корисничка сметка на „Џимејл“, и тоа непосредно по видеото на Трамп со скандалозните изјави за жените, а тоа не е случајност“, изјави Подеста.

Според последните анкети на Ројтерс/Ипсос спроведени по втората претседателска дебата, поголема поддршка од гласачите има кандидатката од редовите на демократите Клинтон.