Грција не им одобри азил на седум турски војници

12.10.2016 11:07

Турските војници изјавија дека се жртви на билатералната политика која воопшто не ги зела предвид европското и меѓународното право.

Грчката Влада го одби барањето за азил на седуммина од осумте турски војници, кои по неуспешниот воен пуч од Турција со хеликоптер побегнаа во Грција. Одлуката за последниот од нив е неизвесна.

Турските војници изјавија дека се жртви на билатералната политика која воопшто не ги зела предвид европското и меѓународното право.

Анкара во август официјално го побара екстрадирањето на војниците, обвинувајќи ги за учество во неуспешниот државен преврат.

Вонредната состојба ќе биде продолжена за уште три месеца.