Седницата за буџетот закажаната на 17-ти октомври
Откако заврши амандманската расправа во матичната комисија, владата го разгледала предлогот и го доставила до законодавниот дом. Расправата на пленарна седница може да трае најмногу пет дена.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за 17-ти октомври ја закажа седницата на која пратениците треба да расправаат за предлог- буџетот за 2017-та година.
Откако заврши амандманската расправа во матичната комисија, владата го разгледала предлогот и го доставила до законодавниот дом. Расправата на пленарна седница може да трае најмногу пет дена.
Со предложената државна каса, вкупните приходи се очекува да бидат 3 милијарди евра, а буџетските расходи 3,3 милијарди. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3 проценти од БДП, а и економскиот раст се очекува да изнесува 3 проценти.
Во проектираната државна каса за в година се ставени и повеќе пари за капитални инвестиции.
