ЕУЛЕКС на Косово отпушта 800 вработени
12.10.2016 11:20
Целта е да се создаде помала и постабилна мисија за набљудување и советување на стратешко ниво на косовските институции при спроведувањето на законот и поддршката на уставното и граѓанското право за судење кривични случаи.

Мисијата ЕУЛЕКС на Косово ќе отпушти околу 800 лица, од кои половината се Косовци.
Целта е да се создаде помала и постабилна мисија за набљудување и советување на стратешко ниво на косовските институции при спроведувањето на законот и поддршката на уставното и граѓанското право за судење кривични случаи.
Според портпаролката на Еулекс Беса Доми, во јуни земјите-членки на ЕУ и косовската Влада се договориле за нов мандат на мисијата на Еулекс, која донесла нов оперативен план на активности.
