До крајот на месецов ќе се знае дали ќе има трети парламентарни избори во Шпанија
12.10.2016 12:02
Народната партија на премиерот Рахој има најмногу пратеници, 137, од вкупно 350.

Кралот на Шпанија Фелипе Шести ќе се консултира до крајот на месецот со партиските лидери за да процени дали може да најде кандидат за составување влада или пак да закаже трети парламентарни избори во рок од една година.
Народната партија на премиерот Рахој има најмногу пратеници, 137, од вкупно 350. Социјалистите имаат 81, а левичарите на „Подемос“ 75 пратеници.
