Саркози со критики за односот на Оланд кон Путин

12.10.2016 12:12

Русија стави вето на француската резолуција за Сирија во Советот за безбедност на Обединетите нации...

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, го критикуваше односот на актулениот шеф на француската држава Франсоа Оланд кон Русија.

Претседателот Путин веќе ја одложи посетата на Франција поради барањето од Оланд, Москва да одговара за нападите врз Алепо.

Русија стави вето на француската резолуција за Сирија во Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бараше прекин на воздушните напади и воведување на зона на забрана на летови во Алепо.