Демократски сојуз: Да се распушти Собранието

12.10.2016 12:15

Според договорот од 31-ви август, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, стои во дописот од партијата на Павле Трајанов.

Демократскиот сојуз до Собранието достави предлог- одлука со која бара парламентот да се распушти, со што ќе се создадат уставни можности, изборите да се одржат на 11-ти декември.

Според договорот од 31-ви август, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, стои во дописот од партијата на Павле Трајанов.

За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот, велат од Демократскиот сојуз.