ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ уште денеска до Собранието да достави барање за негово распуштање
12.10.2016 12:07
Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме претседателот Вељаноски да ја стави точката на дневен ред за да биде разгледана и усвоена, стои во дописот.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ со повик до СДСМ уште денеска до Собранието да достави барање за негово распуштање.
Причината е како што стои во соопштението: поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/СОРОС, од нивната празна реторика што ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво.
Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме претседателот Вељаноски да ја стави точката на дневен ред за да биде разгледана и усвоена, стои во дописот.
